
ВелоФест 2010
- Креативен фестивал за велосипеди -
2010: Градски велосипедизам
„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
Повик за Македонска велосипедска уметност и дизајн
1 Авторски права и дозволи
1.1 Со поднесување на уметничко/дизајнерско дело на ВелоФест Повикот за Македонска велосипедска уметност и дизајн ги прифаќаш Правилата и условите претставени тука.
1.2 Потврдуваш дека ти си автор на делото и дека можеш да ги обезбедиш сите побарани употреби на делото на организаторот на ВелоФест.
1.3 ВелоФест организаторот не превзема никаква одговорност за било какво побарување од трета страна во однос на пријавените дела во однос на премии, наплати и пари побарувани од било кое лице.
2.Неприфатливи содржини
2.1 Организаторот на ВелоФест има право, во целосна слобода на одлучување, да ја дисфалификува пријавата која:
-Содржи лична препознатлива визуелна информација за тебе или некоја друга личност,
-Содржи заканувачки, лажни, навредливи, вознемирувачки, вулгарни, скандалозни, безобразни или порнографски содржини,
-Содржи било каков материјал кој може да воспостави или охрабри однесување кое може да предизвика криминален престап, граганска непослушност или било какво кршење на законот.
2.2 ВелоФест организаторот го задржува правото, во сопствена дискреција, да одбие било кое дело што не соодветствува на погоре кажаното, во било кое време.
3. Твои Авторски и Морални права
ВелоФест ги почитува правата на уметниците и не бара никакви авторски права на пријавените дела на овој Повик, тие ќе останат во твоја сопственост за секоја пријава.
Во дополнение се почитуваат и твоите морални права. Било кога да се изложи твоето дело од организаторите на ВелоФест и неговите партнери, ќе бидеш заслужен. Неуспешно објавување на заслугите како последица на грешка или превид нема да се смета како прекршување на овие услови.
4. Употреба на уметноста/дизајнот и фотографиите
4.1 Со пријавивање на овој повик се согласуваш дека било која твоја пријавено дело може да се користи од организаторот на ВелоФест исклучиво за промоција на ВелоФест, а тоа го вклучува следново:
- изложување на делото од страна на ВелоФест организаторот и неговите партнери, за време на фестивалот.
- фотографирање на делото.
- објавување во каталози и публикации, како и на интернет страницата на ВелоФест, на сите информации, заедно со фотографиите вклучени во пријавата,
4.2 Му одобруваш на организаторот на ВелоФест не-ексклузивна, неотповиклива лиценца за секоја пријава за цел свет на сите медиуми за употребите опишани погоре во 4.1, за период од 1 година, почнувајќи од датумот на објавување на избраниците.
4.3 Авторите на избраните дизајни ќе може да ги изложуваат своите дела и после крајот на фестивалот во Лудус.
5 Пријавување, оценување, програсување и датуми
5.1 ВелоФест Повикот за Македонска велосипедска уметност и дизајн е отворен за сите уметници и дизајнери од Македонија.
5.2 Пријавите мора да бидат поднесени не покасно од петок, 19ти март 2010 година.
5.3 Да се пријавиш е потребно да ја испратиш фотографија од твоето дело преку е-пошта на назначената адреса : art [мајмунче] velofest.mk.
5.4 Секоја пријава мора да биде придружена со овој формулар, пополнет.
5.5 Делото мора да е направено во Македонија.
5.6 Тема за оваа година е „Урбан велосипедизам“.
5.7 Делата ќе бидат одбрани од жири составено од дизајнери, уметници и велосипедисти, во периодот од 20ти март и 1ви април 2010 година.
5.8 Избор од најмногу 20 дела ќе бидат селектирани и објавени од 1ви април 2010 година.
5.9 Секој одбран уметник/дизајнер ќе биде контактиран поединечно во однос на изложувањето на делото.