
ВелоФест 2010
- Креативен фестивал за велосипеди -
2010: Градски велосипедизам
„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
Повик за Македонска велосипедска уметност и дизајн
ВелоФест бара уметници и дизајнери кои створиле нешто поврзано за велосипедите. Делата треба да се наменети за велосипеди/велосипедисти или да се изработени од велосипеди, односно нивни делови и да се изработени во Македонија.
Испрати ни фотографија од твоето дело.
Делата треба да се:
- на тема градски велосипедизам.
- изработени во Македонија.
Делата може да бидат уметнички дела или дизајнерски производ.
Пријавувањето на делата е бесплатно.
Нема ограничување на број на пријавени дела од еден автор.
Испрати фотографија од твоето дело преку е-пошта на: art [мајмунче] velofest.mk, заедно со пополнет формулар.
Краен рок за пријавување е петок, 19 март 2010 година.
Избор од пријавените дела ќе биде изложен за време на фестивалот, додека избор од дизајнерските дела ќе бидат изложени и во Лудус.
Повикот за Македонска велосипедска уметност и дизајн е поддржан од Лудус - Скопје.
Правила и услови на Повикот за Македонски велосипедска уметност и дизајн .